Преговарачка рамка

Собранието ја изгласа Информацијата за предлог-преговарачката рамка со ЕУ

16.07.2022 16:00

Со 68 гласа „за“, во собранието се усвоија заклучоците за францускиот предлог. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија пленарната сала. Во расправата, опозицијата обвини дека се прифажа документ кој е штетен за државните и за националните интереси. Според владејачкото мнозинство, идентитетските обележја се заштитени и земјата оди во вистинска насока...

Со 68 гласа „за“ пратениците ги усвоија заклучоците за Информацијата за Предлог-преговарачката рамка со Европската Унија.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на дебатата и пред гласањето ја напуштија собраниската сала.

Расправата помина во тензична атмосфера, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со вувузели и свирчиња ги саботираа репликите на пратениците од владејачкото мнозинство. За владиното мнозинство предлогот е европски, за опозицијата чин на предавство на националните интереси. Внесувањето на францускиот предлог во собранието е обид на власта да ја сподели одговорноста сметаат од ВМРО-ДПМНЕ „Вакво понижување не сум видел, ова е злосторство врз еден народ“, рече Александар Николовски.

Со реплика Снежана Калевска Ванчева од СДСМ – „Можеби предлогот не е идеален но отвора перспектива за идните генерации. Сакаме да градиме мостови базирани на исти вредности,.

Коалциониот партнер на власта Павле Трајанов, од Демократскиот сојуз пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ, а во кои:

Се задолжува секоја Владата да ги продолжи, разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои Преговарачката рамка со вградени европски принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми за членство, притоа доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската Унија.

Во заклучоците е нотирано преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, како и. Билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на Европската Унија и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија.

Марина Тонева Стојанова