Блинкен: САД ги препознава тешките размени кои се направени со овој компромис
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја поздрави одлуката на Собранието за усвојување на информацијата за преговарачката рамка со Европската унија...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја поздрави одлуката на Собранието за усвојување на информацијата за преговарачката рамка со Европската унија.
„САД ги препознава тешките размени кои се направени со овој компромис, но кој ги признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик. Оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. Европската унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време за да се изгради импулс и да се работи на следните чекори.“, наведува Блинкен во писмена изјава.
