Челниците на Европската унија го поздравија гласањето во парламентот
„Ова беше историска можност и вие ја искористивте. Денешното гласање во собранието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата меѓувладина конференција идната недела“ – напишаа челниците на Европската унија...

„Денешното гласање во собранието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата меѓувладина конференција идната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за европската унија. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“ напиша претседателот на европскиот совет, Шарл Мишел.
Со слична порака и претседателката на европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Честитки до Северна Македонија за гласањето со кое се овозможуваат условите за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност и вие ја искористивте.
Еврокомесарот за проширување Вархеји порача дека веќе во вторник се очекува одржувањето на меѓувладината конференција.
„Го поздравувам гласањето по неколкудневна дискусија во парламентот со што на владата и се дава чист мандат за почеток на првата меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог. Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата меѓувладина конференција“ напиша Вархеји.
