Свет

Во Грција се урнал украински товарен авион

17.07.2022 09:32

Товарен авион антонов кој летал од Србија кон Јордан се урна во близина на градот Кавала во северна Грција. Се стравува дека нема преживеани. Очевидци сведочат дека виделе огнена топка, а два часа потоа и голема експлозија на местото на падот...

Товарен авион „Антонов-12“ управуван од авиокомпанија со седиште во Украина, којшто летал од Србија за Јордан со осум лица, се урнал доцна синоќа во близина на градот Кавала во северна Грција.

Пилотот побарал итно слетување поради проблем со моторот, но сигналот на авионот бил изгубен. Авионот тргнал од српскиот аеродром во Ниш за Аман, Јордан, превезувајќи товар кој бил прогласен за опасен. Очевидци изјавија дека леталото гори и дека слушнале експлозии.

Локалните власти соопштија дека екипите за итни случаи, 15 пожарникари и седум противпожарни возила биле распоредени на местото на несреќата, но не можеле да се приближат поради експлозиите.