Политика
Османи и Генчовска денеска ќе го потпишат протоколот
17.07.2022 09:59
Откако Влада ги прифати заклучоците на Собранието за францускиот предлог, денеска во Софија, ќе се одржи состанок на мешовитата меѓувладина комисија...

Откако Влада ги прифати заклучоците на Собранието за францускиот предлог, денеска во Софија, ќе се одржи состанок на мешовитата меѓувладина комисија.
На состанокот министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска треба да го потпишат протоколот за билатерална соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Се очекува документот да биде ставен на увид на јавноста.
