Културно лето за прв пат во општина Босилово
Во организација на КУД „Гоце Делчев“- Босилово, а под покровителство на општина Босилово, ова лето, за прв пат ќе се одржи фестивалот „Босилово – Културно Лето“. Концерт со инструменти направени од отпад е само мал дел од првото културно лето во Општина Босилово...

Креатори на проектот се Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, музичари по професија кои веќе подолго време самите ги изработуваат инструментите на кои ќе музицираат в недела. Со овој концерт и официјално ќе започне културното лето во општина Босилово која е една од ретките рурални општини во регионот која годинава подготви богата културна програма со околу дваесетина настани.
Во програмата има околу десетина настани, кои ќе бидат распределени во месеците јули и август. Со цел да понудиме разновидност во програмата, ќе има настани од различни гранки на уметноста: музика, театар, игроорни групи, ликовни изложби, скулптура, читања итн.
Културното лето ќе трае до крајот на август, а во негови рамки ќе бидат одржани повеќе концерти со настапи на познати изведувачи од забавната и поп-музика, фолклорни ансамбли, ликовни работилници, кино-проекции, литературни читања, театарски претстави, но и голем број детски претстави.
Стојне Митева
