Македонија

Пивофест влегува во завршница

17.07.2022 12:09

Овие топли летни денови познатиот фестивал на пивото, скарата, музиката и добрата забава овие собра илјадници посетители од земјава и гости од странство. Организаторите задоволни од годинашново фестивалско издание, посетителите велат – добра традиција е и им е потребно летово да се видат и да се релаксираат со блиските и пријателите...

Пивофест е на последниот ден од одржувањето. Овие фестивалски денови Прилеп пречека илјадници посетители, најмногу за викендов. Со добра мисла, дегустација на пенлив пијалак и вкусна скара прилепчани се убедени – Фестивалот ги исполнува очекувањата иако оваа беше исплашена година по двегодишната пандемиска пауза.

Со помалку штандови, но солидна посетеност, со македонски музичари, а и од соседството, за организаторите Фестивалот ги надминал очекувањата. Задоволни се и дека протекува весело, но без инциденти. Сметаат и на економски бенефит за градот.

Прилеп ја продолжи традицијата на една од најголемите летни, забавни, фестивалски манифестации.

Елизабета Митреска