Македонија

Со едукација до решение за сообраќајниот хаос во Тетово

17.07.2022 12:30

Од СВР Тетово информираат дека нема да изостанат ниту казните за несовесните возачи. Во летниот период во градот со доаѓањето на печалбарите, фреквенцијата на сообраќајот е енормно зголемена. Дневно се евидентираат над 60 илјади возила, а има околу 700 паркинг места...

Паркирај прописно, овозможи нормален сообраќај, проект на СВР Тетово кој преку делење на флаери со едукативни содржини и сообраќајни поуки, ќе ја подига сообраќајната свест. Напоредно со превентивните, летово кога е зголемена сообраќајната фрекфенција, ќе се засилат и репресивните активности на полицијата.

Проектот ќе ја подигне безбедноста на улиците во полошко.

Возачите го поздравуваат проектот. Но, бараат најпрвин да се обезбедат повеќе паркинг места, кои во секој дел од градот недостасуваат.

Немањето на доволно паркинг места е причина голем број тетовци да ги остават возилата и да користат велосипед. Но за нас, велат, општината треба да обезбеди поголем број велосипедски патеки. Само така ќе се растерети сообраќајот.

И самата статистика кажува за проблемот со сообраќајната инфраструктура. Во Тетово дневно се евидентираат и над 60 000 возила, а има 420 отворени и 280 затворени паркинг места, а во функција е само една велосипедска патека.

Зоран Димовски