ЕК воздржана од коментар за првиот круг на претседателските избори
Еворпката Комисија засега е воздржана од било каков коментар за првиот круг председателски избори во Република Македонија. Прво ќе ја чекаат оценката од ОБСЕ. Инаку во изборната единица 7 за Европа и Африка со убедливо водство пред останатите е досегашниот председател Ѓеорѓе Иванов...

Европската Комисија и денеска е децидна во својот став. Нема да го кометира вчерашниот изборен ден додека не биде комплетиран извештајот на набљудувачката мисија на ОДИХР во Македонија.
„Колку што сум информиран ќе има втор круг. Затоа нема да коментираме пред вториот круг. Што се однесува до атмосферата на овие избори, знаете дека ја чекаме оценката од набљудувачите од ОДИХР/ ОБСЕ. И вообичаено потоа ќе го дадеме нашиот коментар. Ова е стандартна постапка за сите држави партнери на Европската Унија“, вели Петар Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Оваа е прва година во која македонските државјани кои живеат и работат во странство да имаат можност да го дадат својот глас за избор на председател за Републијка Македонија.
Во првиот изборен круг во изборната единица 7 за Европа и Африка македонските државјани довербата за иден шеф на државата му ја дадоа на досегашниот председател Ѓеорге Иванов. Од вкупно излезените 1.859, за Иванов гласаа 1.540 избирачи, додека за Пендаровски 274.
Марина Стојанова- Тонева
