Македонија
Во Галичник 48. издание на „Галичка свадба“
17.07.2022 17:17
Младенци на манифестацијата, годинава се Илчо Димитров и Елена Дуровска. Свадбените активности, традиционално почнаа на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак...

Традицијата продолжи, 48-ми пат по ред „Галичка свадба“.
Младенци на манифестацијата, годинава се Илчо Димитров и Елена Дуровска.
Свадбените активности, традиционално почнаа на 16 јули, со поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање три пушки“ од куќата на зетот. Потоа следуваа свадбарските ритуали, а кулминацијата, односно венчавањето на младенците е денеска во храмот „Св. Апостоли Петар и Павле“.
Свадбата е во организација на месната заедница, а покровител е претседателот Стево Пендаровски.
