Тенис

Калин Ивановски застана во полуфиналето во Словенија

16.07.2022 20:43

По добриот впечаток на Вимблдон, Ивановски е во Словенија, каде што стигна до полуфиналето на ИТФ-турнир од категоријата „ фјучерс“...

Иако главните вести во неговата кариера би требало да се од поединечните настапи и натпреварите во двојки може да придонесат Калин Ивановски да создава поголема самодоверба и се посигурно да чекори на тениските терени.

По добриот впечаток на Вимблдон, Ивановски е во Словенија, каде што стигна до полуфиналето на ИТФ-турнир од категоријата „ фјучерс“. Во тандем со Брендон Волкин, македонскиот тенисер загуби од двојката Рикл – Вочел со 6-1 и 6-3. Чесите потоа го освоија пехарот во Литија.