Фудбал

Милан се интересира за Елиф Елмас

16.07.2022 20:44

Интернационалната кариера македонскиот фудбалски дијамант ја почна во Фенербахче, па без оглед што три години е во Италија, евентуалните берзански активности за него сериозно се следат и во Турција. Според угледниот „А спорт“, Милан веќе исконтактирал со Наполи за премин на Елмас, но сè уште не е позната паричната тежина на понудата...

Македонската фудбалска репрезентација имаше блескави резултати, лани играше на Европско, а дојде на чекор и до Светско првенство, но тоа не значи дека голем број наши играчи добиваат понуди од прв ранг во преодниот рок.

Елиф Елмас е исклучок затоа што се верува дека Милан е сериозно заинтересиран за него.

Интернационалната кариера македонскиот фудбалски дијамант ја почна во Фенербахче, па без оглед што три години е во Италија, евентуалните берзански активности за него сериозно се следат и во Турција. Според угледниот „А спорт“, Милан веќе исконтактирал со Наполи за премин на Елмас, но сè уште не е позната паричната тежина на понудата.

Претходно, медиумите пишуваа дека нашиот репрезентативец вреди 35-40 милиони евра, што е значително над 16-те коишто ги плати Наполи за да го откупи договорот на Елмас со Фенер, кој пак ќе заработи од секој следен ангажман на македонскиот репрезентативец.