Формула 1

Кризата носи и промени во Ферари!

14.04.2014 19:33

Нема резултати, па во спортот нема ниту сентименталност. Тоа е судбината и на директорот на славниот формула 1 тим, Ферари – Стефано Доменикали кој поднесе оставка.

Дури седум години по Кими Раиконен во 2007-та, Ферари е без титула што е најдолга негативна серија во историјата на ф1 гигантот. И по три трки сезонава, двајцата возачи на „црното коњче“ Фернандо Алонсо и Раиконен не најуваат враќање на старите добри времиња затоа што заедно освоија скромни 33 бода, па  Ферари е само на петтото место меѓу контрукторите.

Замена за Доменикали кој беше прв човек на шест години на екипата чиишто возачи имаат рекордни 15 титули, најверојатно ќе биде Марко Матијачи кој досега беше претседател на Ферари за Северна Америка.