Земјоделство

Закуп на земјоделско земјиште

18.07.2022 08:50

Земјоделците се заинтересирани за земање под наем на понудените државни парцели. Услов е земјиштето да се користи наменски. На објавените четири јавни огласи за закуп на површини до 3 хектари во Министерството за земјоделство досега се пристигнати 700 барања...

Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е скоро 4.300 хектари распределени во 31 регион низ државата.

Услов е овие површини да се користат за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, за насади со лешник до 70, маслинарници до 50 и за поставување на пчелни семејства и ливади до 15 години.

За одгледување на брзорастечки дрвја на надморска височина над 700 метри земјиштето се дава под наем до 30 години, за рибници до 20 и за спортско-рекреативни активности за рурален туризам за период до 30 години.

Според Министерството за земјоделство интерес има за сите површини објавени во огласите.

Преку распишаните седум досега, на земјоделците и на стопанствата под наем се нудат вкупно 13.780 хектари со парцели до и над 3 хектари, за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и за производство на добиточна храна.

Рокот за аплицирање истекува на 21 јули.

Методија Трајков