Македонија

Утре Меѓувладина конференција во Брисел

18.07.2022 09:24

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија...

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина.

По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.