Украина

Зеленски издаде наредби за смена на шефот на ДБ и на главната обвинителка

18.07.2022 10:02

Украинскиот претседател Зеленски издаде наредба за разрешување на шефот на државната безбедност и главната обвинителка во земјата...

Украинскиот претседател Зеленски издаде наредба за разрешување на шефот на државната безбедност и главната обвинителка во земјата.

Во видеообраќањето на социјалните мрежи соопшти дека над 60 вработени во јавното обвинителство и во државната безбедност останале во окупираните територии и работат против интересите на Украина.

Додаде дека злосторствата против темелите на националната безбедност на земјата се многу сериозни прашања за Владата и најави дека сите ќе добијат соодветен одговор.