Шри Ланка
Вонредна состојба во Шри Ланка
18.07.2022 10:03
Вршителот на должноста претседател Викремесинг прогласи вонредна состојба во Шри Ланка во обид да ги смири социјалните немири кои избувнаа поради економската криза...

Вршителот на должноста претседател Викремесинг прогласи вонредна состојба во Шри Ланка во обид да ги смири социјалните немири кои избувнаа поради економската криза.
Тој беше назначен за вршител на должноста претседател од позицијата премиер, додека Парламентот не избере нов шеф на државата, откако претседателот Раџапакса ја напушти земјата по народниот бунт.
Уличните протести против економската криза во Шри Ланка траат со месеци, а кулминираа минатиот викенд кога стотици илјади луѓе ги зазедоа владините згради во Коломбо.
