САД

Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана

18.07.2022 10:03

Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана...

Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата.

Напаѓачот со пушка влегол во трговскиот центар и почнал да пука во ресторан, соопштуваат од полицијата. Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани.