Очекуван резултат од првиот круг и поголема жестокост во рамки на вториот
Очекуван тек на изборниот ден но и очекуван резултат од првиот круг на претседалтеските избори. Вака, познавачите на политичките прилики во земјава го карактеризираат денот на гласањето и изборните резлутати. Во отвореното студио на МТВ, аналитичарите ја коментираа разликата од над 100 илјади гласови на Иванов пред Пендаровски.
„Тој или тимот негов заклучил дека брендот под кој настапуваат Социјал демократскиот сојуз, веќе е токсичен бренд, односно, секој кој што настапува под овој бренд, оштетени му се политичките шанси “, вели Ивица Боцевски, аналитичар.
Новинарот Панде Колемишевски вели дека бројот на гласови во првиот круг не е плафон, тоа ќе следува вториот, а тука, според него, во предност е ВМРО ДПМНЕ.
„Многу голема организација покажува многу голема сила, и редовно секогаш во вториот круг добива многу повеќе гласови отколку во првиот круг“, Панде колемишевски, новинар
Според новинарот Александар Чомовски, потегот на ДУИ за бојкот на изборите е неуспешен. Иако албанскиот електорат не излезе во многу голема бројка, сепак, концептот за бојкот нема големи ефект во услови на голем број гласови на контото на ВМРО ДПМНЕ.
„Она што е порака за ДУИ и неговиот политички менаџмент е тоа дека не поминува логиката на земи или остави, што значи дека тие ќе треба да се свртат кон концептот на значајни компромиси“, вели Чомовски, новинар.
Аналитичарите очекуваат кампањата да добие на жестокост на реториката со оглед на тоа што на 27-ми април се избира и составот на парламентот.
Миле А Ристески
