Велика Британија

Во Британија денеска се очекува најтоплиот ден во историјата

18.07.2022 10:04

Метеоролозите прогнозираат дека денеска во Велика Британија ќе го има најтоплиот ден во историја со температура до 41 Целзиусов степен...

Метеоролозите прогнозираат дека денеска во Велика Британија ќе го има најтоплиот ден во историја со температура до 41 Целзиусов степен.

Издадено е црвено предупредување за високите температури во многу делови на Англија. Високи температури се предвидуваат и за другите делови од земјата, а Лондон денеска би можел да биде едно од најтоплите места во светот, со температури повисоки од оние во западна Сахара и Карибите.