Македонија

Од денеска во функција наплатните рампи на автопатот Миладиновци-Штип

18.07.2022 11:03

Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Штип...

Од денеска треба да бидат ставени во функција наплатните рампи Преод и Кадрифаково на автопатот Миладиновци-Штип.

На наплатните рамки, како што најави Јавното претпријатие за државни патишта, целосно ќе функционира електронскиот систем за наплата на патарина.

За патување по автопатот до Штип ќе треба да издвоите по 160 денари во правец, или во двата правци вкупно 320 денари.