Македонија

Вархеји го поздрави потпишувањето на Протоколот меѓу Македонија и Бугарија

18.07.2022 11:54

„Европа оди напред!“, вака еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји го коментираше потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Скопје и Софија...

„Европа оди напред!“, вака еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји го коментираше потпишувањето на билатералниот протокол меѓу Скопје и Софија.

Тој посочи дека со тоа се создале услови, чешкото претседателство со Советот на Европската унија да ја свика првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија за започнување на пристапните преговори, којашто ќе се одржи утре во Брисел.