Турчинов ги повика ОН да распоредат свои сили во доњецкиот регион
14.04.2014 21:30
САД размислуваат да испратат оружје во Украина, но одлуката уште не е донесена.

За ескалацијата на југоистокот ја обвинуваат Москва, додека рускиот претседател Путин е загрижен од секојдневните повици за помош на проруското население.
Заменик претседателот на Украина, Турчинов, го потпиша указот за почетокот на „антитерористичката акција“.
Претходно ги повика ОН да распоредат свои сили во доњецкиот регион и набљудувачи да го проверат легитимитетот на украинските акции.
