Комунални претпријатија

„Помош од државата, или повисоки сметки“

18.07.2022 13:43

Комуналните претпријатија бараат помош за да не ги зголемат цените на услугите. Велат по поскапувањето на струјата и енергенсите тешко се справуваат со предизвиците за нормално функционирање...

Јавните комунални претпријатија бараат помош од Владата за да не бидат принудени да ги зголемен цените за граѓаните. Се пожалија дека се раб на одржливост поради поскапувањето на струјата и бензинот, почнуваат да трупаат загуби и затоа бараат финансиска помош по државата. Според нив, Владата треба преку блок донации да покрие дел од загубите.

Сметките за струја ни се зголемени за петпати, а сумите што ги плаќаат претпријатијата се милионски, се пожалија директорите. Велат, од септември проблемите ќе бидат уште поголеми, некои претпријатија може да се соочат со банкрот или со прекинување на давањето услуги.

Од АДКОМ очекуваат Владата да има слух за нивните барања, бидејќи како што велат тие веќе се обврзале на секторска помош во покривање на загубите во повеќе сегменти од системот. Во ова здружение членуваат најголемиот дел од Јавните комунални претпријатија.

Викторија Милевска