Патарини

Почна наплатата на двете нови патарини на автопатот Штип – Миладиновци

18.07.2022 14:22

Од денес почнува наплатата на двете нови патарини кај Преод и Кадрифаково на автопатот Штип – Миладиновци. Автопатот е долг околу 70 километри, возењето во еден правец чини 160 денари, наместо досегашните 40 денари. Освен плаќање во кеш, функционира и електронскиот систем за наплата на патарина...

Неколкуте свлечишта на автопатот Штип – Миладиновци во најголем дел се санирани, но со оваа цена на патарините според возачите, автопатот треба да нуди поголема безбедност

За да избегнат 50 денари патарина на наплатната станица кај Кадрифаково, голем број возачи го користат стариот пат кај Три Чешми. Патарината кај Преод чини 70, а кај Скопје 40 денари. Најпогодени од новите патарини се жителите од истокот кои заради работа секојдневно патуваат во Скопје.

Славица Величковска