Тетово

Избор на нов советнички состав на Општина Тетово

18.07.2022 14:39

Доставени 13 листи на советници до Општинската изборна комисија, во пресрет на изборите за нов советнички состав на Општина Тетово, кои ќе се одржат на 20-ти август. Изборите ќе бидат, успешни оти за нив не треба да се исполни никаков цензус, велат од Комисијата. Изборната кампања започнува од 30-ти јули...

Голем интерес за изборите за нов Совет на Општина Тетово. Во трка за советничко место ќе бидат 11 политички партии и две независни листи.

Изборите кои ќе се одржат за време на летни одмори на 20-ти август ќе бидат успешни, оценуваат од Општинската изборна комисија. За нив велат, не треба да се исполни цензус како за парламентарните, или претседателските

Свесни сме што дел од граѓаните ќе бидат на одмор за време на изборите, велат градските власти. Но, во интерес било што побрзо да се одржат истите, оти сега на градоначалникот без советот, врзани му се рацете за носење на голем број одлуки.

Опозицијата од претходниот Совет предводена од ДУИ, обвини дека несовесното работење на првите луѓе на општината, довело до избори во време на економска криза. Од локалната власт пак, одговорија дека одговорноста треба да се бара во дел од администрацијата, која не ја доставила на време завршната сметка на буџетот, а за нив веќе е покрената постапка.

Зоран Димовски