ДПА во Кондово

14.04.2014 23:31

ДУИ вчера се соочи со 40 000 борци на слобода и демократија, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи на митингот во скопско Кондово.

Праша дали опонентот знае дека ќе загуби  на 27-ми април.

„Знаете ли што значи реален бојкот? Кога ДПА во 2009 го бојкотираше Иванов и не му даде ниту еден глас.Нашата програма е Македонија да усвои дводомен парламент. Над 35% од буџетот да им припадне на Албанците, да има двојазичност и вработувања за нив“, рече Мендух Тачи, лидер на ДПА

„Виновен е Али Ахмети, а не Груевски. Државата не ни дава инфраструктура и образование.И ние  треба да ја направиме најпосакуваната работа, а тоа значи на 27 да ги отстраниме од политичката сцена“, вели Тачи

Анита Никушева