Прилеп

Пивофест помина организирано со 120.000 посетители

18.07.2022 17:32

Пивофест помина во одлична организација, со голема посетеност, без инциденти и бенефит за локалната економија, заклучија организаторите ден по завршувањето на фестивалот. Со оглед на кусото време на организирањето, и по двегодишната пауза, организаторите велат дека во градот имаше околу 120.000 посетители од земјава, соседството и нашинците од странство...

Пивофест помина добро организиран, без инциденти, во весела атмосфера и со околу 120.000 посетители во четирите фестивалски дена, оценија организаторите ден по завршувањето на големата летна манифестација која е речиси дводецениска традиција позната на Балканот.

Организиран за речиси еден месец, поскромно, Пивофест ги надминал очекувањата и обезбедил прекупотребен економски бенефит, сметаат градските власти.

Од двата милиона што ги издвои градот, платени се хонорарите на „Галија“ „Дивље јагоде“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Некс тајм и Влатко Лозаноси. Хонорарите на изведувачите се движеле од 700 па до 10.000 евра.

Елизабета Митреска