ДУИ на митинг во Сарај

14.04.2014 23:38

Неучеството на албанците на претседателските избори всушност претставува поткрепа на националната идеја за консензуален претседател .

13-ти април покажа дека албанците се политички зрели, рече лидерот наДУИ,  Ахмети пред жителите на општина Сарај.

„Идејата за претседател за кој ќе се согласеа страните што имаат легитимитет е надпартиска идеја. Не е идеја која наутро се искажува на цел глас за да ја снема штом ќе зајде сонцето. Ништо лошо немаше да им се случи на институциите ако беа раководени од албанците“, вели Али Ахмети, лидер на ДУИ

„Се докажа дека албанците одлучуваат кој колку гласови ќе добие. Ние сме тие што одлучуваме дали 350 илјади или милион гласови ќе добие некој. Ние сме фактор, рече пред присутните носителот во првата изборна единица Ермира Мехмети

„Не се радуваме што останаа празни кутиите на професорот Халими, туку поради тоа што од Куманово до Струга докажавте дека ние албанците сме тука. Вашиот глас за ДУИ е за повеќе влијание како албански политички фактор“, рече Ермира Мехмети

ДУИ изборната трка ја продолжува под слоганот „Заедно подобро, заедно посилни , заедно за Европа“.

Фиљана Кока