Техеран

Путин на средба со Ердоган и Раиси

19.07.2022 10:04

Рускиот претседател Путин во Техеран на средба со иранскиот и турскиот колега Раиси и Ердоган...

Рускиот претседател Путин во Техеран на средба со иранскиот и турскиот колега Раиси и Ердоган. Средбата е меѓу лидерите на државите кои служат гаранти за мировниот процес во Астана, изјави портпаролот на Кремљ Песков.

Наведе дека претседателите ќе одржат и билатерални средби. Политичкото решение во Сирија го иницираа Русија, Турција и Иран, трите земји кои исто така дејствуваа како гаранти на сирискиот мировен процес, со вклучени владини претставници од Дамаск и членови на сириската опозиција.