Велика Британија

Владата го преживеа гласањето за доверба

19.07.2022 10:05

Британскиот премиер Џонсон веќе најави оставка, но притисокот врз Владата во Лондон не попушта...

Британскиот премиер Џонсон веќе најави оставка, но притисокот врз Владата во Лондон не попушта. Со добиената доверба можеби се избегнати нови избори. Британската Влада, како што се очекуваше, го преживеа гласањето доверба кое самата го бараше.

Премиерот во заминување Џонсон, под притисок на многу партиски колеги и министри, најави оставка. Во меѓувреме, трката за наследник на Џонсон влегува во нова рунда. Во трка се останати уште три кандидатки и еден кандидат.