Втор ден истрага и претреси на Обвинителството во финансиската полиција
Од Обвинителството велат дека станувало збор за обемна документација и оти во истрагата биле опфатени повеќемина вработени во Управата, но засега нема информација дали помеѓу нив е и директорот Арафат Муареми...

Продолжува истрагата на Обвинителството за организиран криминал за почнатиот претрес во Управата за финансиска полиција. Од Обвинителството велат дека станувало збор за обемна документација и оти во истрагата биле опфатени повеќемина вработени во Управата, но засега нема информација дали помеѓу нив е и директорот Арафат Муареми.
Истрагата според Обвинителството за организиран криминал доаѓа по пријава од група граѓани. Официјален став од Управата за претресот сè уште нема. Обвинителството за организиран криминал и корупција влезе во Управата за финансиска полиција кај директорот Арафат Муареми во предистражна постапка, потврди обвинителката Вилма Русковска.
