Последните две години сајбер насилството во подем
Фрапантни податоци од анализите на социолозите. Изминативе две години се бележи подем на сајбер насилството. Жртви најчесто се млади девојчиња, кои се малтретирани преку социјалните мрежи ментално и емоционално...

Сајбер насилството во подем. Фрапантни се податоци од последните анализи на социолозите. Во време на пандемијата додека секојдневието беше сконцентрирано онлајн пред компјутер, на социјалните мрежи се појавиле огромен број лажни профили од коишто се ширело говор на омраза, потсмев и насилство насочено кон врсници.
Жртви на сајбер насилство најчесто се млади девојчиња, кои се малтретирани преку социјалните мрежи ментално и емоционално.
„Она што ни се случува последните години е развој на сајбер насилството. Имаме фрапантни податоци. Децата беа постојано на компјутер. Дури, деца коишто се поекстровертни, коишто не можејќи да го исполнат своето надворешно изразување правеа лажни профили и дури не сакајќи се однесуваа насилно кон своите другари и врсници“, вели Татјана Стојановска Иванова – социолог.
Голем број младинци во светот секојдневно доживуваат сајбер-насилство. Некои се соочуваат и со екстремни облици на онлајн малтретирање. Како последица им се јавува депресија и анксиозност, загрижувачки е тоа што некои посегнаа и по своите животи.
„Страшни се податоците и големи се последиците некогаш тие социјални медиуми донесуваат да се јавува депресија, анксиозност, се јавува недоверба. Дури имате и ситуации каде што, јас често се консултирам со моите колеги од САД од Европа, и често дискутираме токму за оние виртуелни комуникации што ни се случуваат затоа што имате деца кои се толку под притисок поготово девојчиња жртви на сајбер насилство“, додава Иванова.
Според социолозите депресијата допрва ќе се чувствува, велат ќе бараат начини да запре малтретирањето и да се заштитат жртвите. Првиот чекор е малтретираните да ги пријават насилниците.
Соња Рилковска
