Mитинг на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид
14.04.2014 23:47
Вчера во Република Македонија имаше избори - најреална анкета од сите во државава, Ѓорге Иванов и ВМРО ДПМНЕ добија околу 450.000 гласови, 123 илјади разлика во однос на СДСМ.
Македониците покажаа дека знаат да прават разлика, знаат да почитуваат дела, труд, вредности и политика која ги исполнува ветувањата рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Охрид.
„Граѓаните вели, знаат да прават разлика од оние кои даваат лажни ветувања, обвинувања“, вели Груевски
Председателскиот кандидат Ѓорге Иванов порача дека на 27-ми Април секој глас е важен, секој глас ја зголемува разликата,ги повика Охриѓани масовно да излезат да гласаат за Македонија и да кажат не ,на оние кои убедуваат да не се искористи правот на глас.
Наташа Гркова
