Под мотото „Од корените до цветот“ се отвори 52. издание на „Илинденски денови“
За прв пат недела дена од вообичаениот термин и со Интернационален етнографски филмски фестивал синоќа во Битола стартуваше 52. издание на Илинденски денови. Идниот вторник како придружна манифестација за прв пат од Битола за Крушево тргнува 14 члена коњаница по што на сцена доаѓа дефилето по „Широк сокак“ и фестивалските вечери на орото, играта и песната...

Со документарниот филм „Како ирвас под небесниот свод“ во рамките на првиот Интернационален етнографски филмски фестивал синоќа се отвори 52. издание „Илинденски денови“. На следните пет фестивалски вечери ќе бидат прикажани уште пет долгометражни и толку краткометражни документарни филмови чија цел е да покажат како се зачувува традицијата и културата во земјите од кој доаѓаат.
Како новина и придружен дел од 12 дневната програма е и Илинденска коњаница. За прв пат 14 коњаници од кој две девојки идниот вторник тргнуваат за Крушево.
И овој пат ќе се сочува традицијата да се има над 1.000 гости од најмалку три континенти на фестивалот кој нуди промоција и валоризација на сечие културно наследство годинава под мотото „Од Корените до цветот“.
Илинденски денови е единствениот наш фестивал од ваков вид којшто има ЦИОФФ сертификат е и дел од светската елита на вакви манифестации.
Стевче Митревски
