Инспекции во „Жан Митрев“ и денеска, министерот Сали најави детали за в среда
Министерот за здравство Сали за утре најави прес-конференција на која ќе ги обелодени деталите за случајот. Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба, рече министерот Сали...

Продолжува вонредниот инспекциски надзор во клиниката „Жан Митрев“ за утврдување дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.
Министерот за здравство Сали за утре најави прес-конференција на која ќе ги обелодени деталите за случајот. Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба, рече министерот Сали.
Обвинителството по допрен глас оформи предмет за наводите во сторијата „Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија. Обвинител ќе ги провери, бидејќи од нив произлегуваат индиции за кривични дела, рекоа оттаму. И додека до ИРЛ стигнале нови пријави и сведоштва за лекувањето во Жан Митрев, приватната клиника ги отфрли обвинувањата како невистинити.
