Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Струга
Пред 10 години со територијалната поделба ни го одзедоа градот на поезијата и браќата Миладиновци, ни го одзедоа градот каде е создадена и отпеана за прв пат македонската химна а тоа е непокорна Струга.

Со овие зборови стружани уште еднаш се потсетија на немилите настани пред 10 години а денес со нова надеж и нови успеси дека иднината на Македонија со три пратеници од градот Струга во петтата изборна единица кои ја побараа поддршката на наредните парламентарни избори на 27 Април да се извојува уште една победа, двојна победа и за претседател и за нови 63 пратеници во Собранието на РМ. Стружани знаат кои политичари си поиграле со нивната судбина, стружани знаат и паметат и нема никогаш да заборават дека режисерот за територијалната поделба беше Бранко Црвенкоски, рече носителот на 5 изборна единица, Антонио Милошовски.
„Струга добро знае да направи разлика од 2004-та година и 2014-та година. Струга знае, и не заборава дека во 2004-та година „режисерот“ кој што ја кроеше судбината на народот се викаше Бранко Црвенковски“, вели Антонио Милошовски, носител на листа во 5-та изборна единица
„Дајте го вашиот глас за Македонија. Ова се едни од најважните избори за Македонија. На 27 април ќе гласате каква Македонија сакате. Во каква Македонија сакате да живеат вашите деца. На 27 април вие одлучувате. Ве повикувам да гласате“, рече кандидатот за Претседател Ѓорге Иванов.
„Ова се едни од најважните избори за Македонија. На 27 Април ќе гласате каква Македонија сакате, во каква Македонија сакате да живеете Вие и Вашите деца. На 27 Април Вие одлучувате и Ве повикувам да гласате“, рече кандидатот за Претседател Ѓорге Иванов.
Граѓаните вчера ја дадоа својата поддршка за напорна работа, за човек од доверба, дадоа поддршка за човекот кој ја сака својата држава. На вчерашните избори победи тимот на Вмро Дпмне и коалицијата. Народот денес може да направи разлика од она што се направило некогаш и она што се прави денес. Струга покажа дека помни и знае да направи разлика. Заев и Шекеринска се уште не го почитуваат народот и не ја почитуваат неговата волја. Народот многу пати им испрати порака но разликата е во тоа што тие не успеаа да ја препознаат. Вината секогаш ја бараа кај другите но не и кај себе, рече Никола Груески.
„Јас неможам да разберам како на ваков резултат не ја сваќаат пораката од граѓаните. Каква е таа ароганција каво е тоа однесување? Истата поента од Бранко Црвенкоски, не се тие лоши, не е возможно некој нив да не ги сака, народот е крив. Тоа е ароганција до бесвест, која што не може да се искорени кај ова политичко раководство на СДСМ“, рече Никола Груески.
Нашата кампања не е полна со омраза и омаложување како што тоа вчера Најчевска ги нарече 450.000 гласачи ниско интелегентни па и Заев кој денес повторно излезе на прес како да му беше малку и првиот, рече лидерот на Вмро Дпмне, Никола Груевски.
- Во време на светска криза и во време на европска должничка криза, во време кога невработеноста растеше кај нас се намалуваше. Се намали од рекордните 38 од СДСМ на 28 проценти кои се уште се високи но кои за 4 години планираме со отворање на нови 64.000 работни места да ги намалиме на околу 22 проценти, рече лидерот на Вмро Дпмне, Никола Груевски.
„Ние не се занесуваме со празни реторики, ние остваруваме рече меѓу другото Груевски. Доказ за тоа се новите две фабрики кои ќе се отворат во Струга и Охрид и тоа едната со 800 а другата со 1000 нови работни места а додаде дека Владата е фокусирана на изнаоѓање на стратешки партнер за гигантот Емо Охрид најавувајќи дека се водат длабоки разговори со компанија од една средно европска држава.
Јованчо Наумоски
