ДЗС се екипираат за евентулани огнени стихии
Дирекцијата за заштита и спасување засега на располагање има само еден авион за гаснење пожари. Велат дека годинава се поподготвени и се екипираат за евентуални огнени стихии. ДЗС од романската Влада доби донација – возило за тешки пристапни терени...

Во Шпанија и Франција беснеат пожари. Надлежните во Македонија се екипираат за евентулани огнени стихии. Oваа сезона влегуваме поподготвени од лани, смирува првиот човек на Дирекцијата. За разлика од минатата кога немавме ниту еден авион. Годинава во моментот на располагање имаме само еден. Вториот авион е подготвен веќе една недела, но поради недостиг на пилоти во Шпанија, не се во можност да го испорачаат. Третиот авион е отворен и го поправаат, вели Максути.
Додава дека ако го нема првиот одговор како што треба, секогаш ќе имаме проблеми. За да се спасат животите на граѓаните на кои им е потребна итна помош, од романската Влада Дирекцијата за заштита и спасување доби донација.
Во петок Дирекцијата за заштита и зпасување ќе има заедничка активност со МВР, со нивните хеликоптери ќе вежбаат гаснење на пожари на отворено. Ќе се проверуваат капацититетите.
Наташа Ј. Менковски
