Реакции по почетокот на пристапните преговори
Претседателот Пендаровски со честитка до граѓаните за почетокот на пристапните преговори. Не чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, да завладеат и кај нас дома, порача Пендаровски. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ Македонија денеска не почнала преговори со Европската Унија, велат македонската делегација ќе се врати дома за да ги спроведе уцените. За СДСМ ова е историски успех...

Нè чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Со честитка во која стои отворена порака до сите граѓани претседателот Стево Пендаровски го (одбележа почетокот на преговорите со ЕУ). Тој вели, започнуваме нова фаза за политичка интеграција. Се заблагодари на сите кои низ годините бил дел од институциите кои работеле на пристапувањето.
Не е време ниту за честитки, ниту за прослава, опозицијата стои на ставот дека ова е црн ден за македонската историја и иднина.
„Тоа значи дека онаа прогноза што ја даде претседателот Пендаровски, оваа преземена обврска којашто не може да се реализира, веројатно е дека ќе доведе до политичка криза и истата ќе резултира порано или покасно со предвремени избори. За жал Македонија од денес па натаму влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди како за секоја нормална земја којашто се стреми за членство кон ЕУ“, изјави Антонијо Милошоски.
Милошоски уште еднаш повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи отворање на Уставот и дека вистинските преговори за Македонија нема да почнат.
Од владејачката партија порачуваат дека е време за единство.
„Легитимно е да размислуваат за своите политички чекори, но јас сепак би укажала на она што значи национален интерес и мислам дека конечно особено после овој ден, сите ние треба да сфатиме што е во интерес на нашата држава и се она што значи политички калкулации, дневно политички поени да за оваа тема бидат подзаборавени“, изјави Снежана Калеска-Ванчева.
Свечен ден за ДУИ. Со соопштение го честитаа почетокот на преговори за членство во Европската Унија на сите граѓани. Според нив од денес се отвораат нови перспективи за земјата и граѓаните.
Катерина Топалова
