Нови 770 случаи на Ковид-19, пријавени четири починати лица
Во последните 24 часа направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на Ковид-19: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1...

Во последните 24 часа направени се 2.043 тестови, а регистрирани се нови 770 случаи на Ковид-19: Скопје – 364, Битола – 47, Охрид – 46, Куманово и Кавадарци – по 38, Тетово – 30, Прилеп и Велес – 26, Неготино – 17, Струмица – 16, Штип – 15, Кочани и Струга – по 14, Ресен – 13, Гостивар – 12, Гевгелија – 10, Крива Паланка – 7, Радовиш и Кратово – по 5, Дебар и Крушево – по 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Делчево, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1, соопштуваат од Министерство за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (770), регистрирани се 207 реинфекции.
Регистрирани се 363 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Свети Николе (23г) и Скопје (76г). Лицата се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.100.604 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.806, бројот на оздравени пациенти е 307.342, на починати е 9.343, а бројот на активни случаи изнесува 3.121.
