Извозот на јагнешко како лани

15.04.2014 09:15

За велигденскиот извоз јагниња ќе има доволно. Благата зима и поевтината добиточна храна беа погодни за овчарството. Откупните цени и количества се на ланското ниво...

Четири кланици од Кавадарци, Гостивар и од Струмица годинава извезуваат на традиционалните пазари. Иако на почетокот од откупна сезона сточарите очекуваа  до 180 денари килограм жива мера за јагне, цените се како ланските.
 
Трговците нудат од 130 до 150 денари за килограм, иако околу Велигден се очекува зголемување.
 
Годишно, Македонија во Италија, Србија и во Хрватска извезува скоро 2.500 тони јагнешко месо, а досега се продадени 140.000 јагниња.
 
За сточарите ова е добра година. Целата зима се користеа планинските пасиштата, а и цените на добиточната храна се  поевтини од лани.
 
Методија Трајков