Евроинтеграции

Владата и МНР вечерва во боите на ЕУ

19.07.2022 23:22

Зградите на Владата и Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската Унија, во знак на денешниот официјален почеток на пристапните преговори...

Зградите на Владата и Министерството за надворешни работи вечерва се обоени во боите на Европската Унија, во знак на денешниот официјален почеток на пристапните преговори.

„Денес во Брисел запишавме ново поглавје во македонската историја и ветуваме дека забрзано ќе чекориме кон дополнителен развој и стабилност за сите наши граѓани. Европските вредности се наши вредности а пријателствата кои ги градиме создаваат нови културни мостови и можности за сите нас. Обединети сме во различностите и подготвени за ЕУ дома и Северна Македонија во ЕУ. Во таа чест вечерва зградите на Владата и Министерството за надворешни работи се обоени во боите на нашиот иден дом – Европската Унија“, пишува на официјалната страница на Владата.