Продолжува предизборната кампања

15.04.2014 09:17

Во вториот круг од изборите за шеф на државата противкандидати се Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, од СДСМ...

Политичките партии ја продолжуваат кампањата за предвремените парламентарни избори и за вториот круг од претседателските избори закажани за 27 април. Во вториот круг од изборите за шеф на државата противкандидати се Ѓорге Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски, од СДСМ.
 
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Иванов денеска митинзи ќе одржат во Валандово и Гевгелија, а средби со граѓаните на Конче, Богданци и Дојран.
 
Кандидатите за пратеници на ДУИ ќе имаат средби со граѓаните во Брвеница и во Желино.
 
Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во тетовско Слатино.
 
Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски и носителот на листа во ИЕ 3 Штеријо Николов ќе имаат средби со граѓаните на општина Чешиново-Облешево, Караорман, село Шашаварлија и во Свети Николско.