Битола

Публикација и документарен филм за Тале Огненовски

20.07.2022 10:19

Синоќа во Битола во рамките на „Илинденските Денови“ промовирана публикацијата и документарен филм „100 години од раѓањето на Тале Огненовски“, легендата на македонскиот кларинет. Автор е м-р Благојче Трајковски кој важи за најдобриот кларинетист последните години и го носи епитетот вториот наследник на Тале. За да се доближам до музиката на Огненовски многу ми помогна татко ми Стојан Трајковски или првиот наследник вели авторот...

Проучувајќи го творештвото на основоположникот на народната музика за кларинет Тале Огненовски создадов една цврста основа која ми овозможува да давам голем придонес во осовременувањето на македонскиот музички фолклор вели авторот на публикацијата и документарниот филм а воедно и најдобриот наш кларинетист последниве години Благојче Трајковски. Во првиот дел од монографијата тој го опфаќа животниот пат на Огненовски а во вториот дел сместен е музичкиот творечки опус каде до израз доаѓаат шеесетина дела.

Предизвикот оправдан и очекуван ако се знае дека музичката стручна јавност од поодамна кажала дека тој е вториот наследник на легендарниот кларинетист. Тешко ќе одеше мојот развој доколку покрај мене го немав првиот наследник на виртуозот на кларинет во шега вели некогашниот ученик.

Го претпочита образованието, но предност му дава на талентот и гените. Потврда за тоа вели и самиот Тале Огненовски кој во тоа време бил музички неук, а сепак создал творештво кое е уникатно и идентитетски важно за еден народ.

Стевче Митревски