Микробиолошка анализа на водата во Дојранското езеро покажува добри резултати
Водата во Дојранското Езеро по направената микробиолошка анализа во одлична состојба, стои во последниот извештај на Центарот за јавно здравје Велес...

Мостри земени од 4 плажи крај Дојранското Езеро покажуваат добри резултати што се однесува до микробиолошката исправност на водата за капење и соодветствуваат на прва и втора класа, додека пак по матност на езерото е 3-та и 4-та класа. Имено, во резултатите се наведува дека на плажите граѓаните можат слободно да се капат и рекреираат, а параметрите не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето. Градоначалникот Ангов го потврдува извештајот, но апелира до граѓаните да внимаваат на општата хигиена.
Оптимистичка е изјавата на првиот човек на општина Дојран се надева дека во догледно време ќе се реши и долгогодишниот проблем со колекторската станица.
И оваа година крајбрежјето на Дојранското езеро е преполно со туристи. Дојранчани годинава очекуваат да го надминат ланскиот рекорд кога беа реализирани преку 200.000 ноќевања во текот на летната сезона.
Стојне Митева
