Шри Ланка

Ранил Викремесинге е избран за нов претседател на Шри Ланка

20.07.2022 11:51

Пратениците од Шри Ланка го избраа премиерот Ранил Викремесинге за нов претседател и покрај тоа што беше непопуларен во јавноста...

Пратениците од Шри Ланка го избраа премиерот Ранил Викремесинге за нов претседател и покрај тоа што беше непопуларен во јавноста.

Се стравува дека изборот би можел да доведе до нови протести, поради незадоволството од владејачката елита, која се смета за одговорна за недостигот од гориво, храна и лекови.

Поранешниот претседател на Шри Ланка, Раџапакса, побегна од земјата откако илјадници демонстранти упаднаа во неговата резиденција и други владини згради, барајќи оставка.