Опожарено возилото на пратеникот Ристески
Непознати сторители ноќеска го запалиле возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески, а зафатено е и возилото на неговиот татко кога целото семејство било дома. Полицијата и обвинителството работат на расчистувањето на случајот, а стигнаа и партиски реакции...

Целосно е изгорено возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески, делумно и возилото на неговиот татко во пожарот предизвикан од засега сè уште непознати сторители. Сето се случило пред два часот по полноќ. Седумчленото семејство било дома. Реагирало на дојава од соседите, а се слушнала експлозија.
Пожарникарите навремено изгаснале, на теренот излегле и екипи на ЕВН, на итната помош, на полицијата и јавното обвинителство. Нема повредени, земени се траги за вештачење, а јавен обвинител побара обезбедување евентуални видеоснимки од надзор.
Ристески смета дека го заплашуваат и бара веднаш да се решат случајот.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека има конкретна причина за опожарувањето.
Во соопштение, СДСМ го осуди овој криминален чин и бара институциите брзо и целосно да го расчистат случајот. Партијата остро реагира за манипулација и неосновано покажување со прст кон друг за дневно политички цели и за злоупотреба на случајот.
Елизабета Митреска
