Раст на бројот на туристи во февруари
15.04.2014 09:22
Бројот на домашните туристи во февруари годинава, споредено со истиот период лани, е зголемен за 10,3 проценти, а на странските туристи за 4,1 процент...

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари годинава изнесува 27.278, а на ноќевањата 60.619, што во однос на истиот месец лани претставува зголемување за 6,6 проценти, односно 3,9 проценти.
Бројот на домашните туристи во февруари годинава, споредено со истиот период лани, е зголемен за 10,3 проценти, а на странските туристи за 4,1 процент.
Кај ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.
Во првите два месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 проценти. Кај домашните туристи растот изнесува 0,6 проценти, а кај странските за 1,9 проценти.
Кај ноќевањата во јануари и февруари има зголемување за 0,3 проценти. Кај домашните туристи намалување за 2,1 процент, а кај странските зголемување за 2,6 проценти.
