Италија

Драги побара единство од владините партнери за да остане на функцијата

20.07.2022 13:55

Италијанскиот премиер Марио Драги ја повлече оставката и повика на формирање нов пакт за спас на Владата...

Италијанскиот премиер Марио Драги ја повлече оставката и повика на формирање нов пакт за спас на Владата.

Шест дена откако претседателот Матарела му ја одби оставката, Драги изјави дека е невозможно да се игнорира повикот на многумина италијанци за спас на коалицијата.

Неколку протести се одржа за поддршка на Драги, зад кого застанаа и стотици градоначалници и 250 бизнис лидери и синдикати.