Македонија

Со поддршка од ЕУ се гради системот за наводнување Теарце

20.07.2022 14:26

Започнаа градежни активности за изградба на затворен систем за наводнување во тетовско Теарце. Се работи за проект финансиран со неповратни средства од Европската Унија преку ИПАРД програмата. Системот ќе го користат 150 земјоделски семејства од регионот, а почетокот на пристапните преговори ќе овозможи нова поддршка од ЕУ во земјоделската дејност, истакна Џулијан Васало, вршител на должност на делегацијата на Европската Унија...

Со отворањето на пристапните преговори ќе се отвораат повеќе европски фондови со многу поголеми суми за поддршка на Северна Македонија, истакна Џулијан Васало, вршител на должност на делегацијата на Европската Унија.

За во иднина планирани се речиси 5 милиони евра, за изградба на системи за наводнување, на ниво на цела држава, во рамки на ИПАРД 3 програмата. Целта е ефикасно користење на водата, особено во време на климатски промени.

Затворениот систем за наводнување во Теарце е еден десетте вакви проекти на Министерството за земјоделие.

Системот во Теарце, кој ќе користи вода со современ и еколошки зафат од река Бистрица е наменет за 330 хектари земјоделско земјиште, а управувањето ќе биде на локално ниво.

Зоран Димовски